Австралија: Премиерот Рад го призна поразот

Од:

Конзервативната опозициска коалиција, според нецелосните резулатати од денешните парламентарни избори во Австралија, веќе освои 79 пратенички места со што обезбеди мнозинство во 150-члениот Долен дом на австралискиот Парламенет.

Како што јави ИТАР-ТАСС, со ова станува јасно дека лидерот на досегашната опозиција Тони Абот ќе биде новиот австралиски премиер и ќе може да формира мнозинска влада. Конзервативната коалиција ја сочинуваат Либералната партија на Австралија на Абот, Националната партија на Австралија, Либералната национална партија на Квинсленд и Провинциската либерална партија на Северната Територија.

Според досега преброените 75,63 проценти од гласовите, како што соопшти Изборната комисија, владејачката Лабуристичка партија на премиерот Кевин Рад освоила 53 пратенички места,

Германската агенција ДПА јави дека според резултатите од излезните анкети, се очекува конзервативната коалиција во конечната распределба на мандатите да има 88 пратеници, а лабуристите 59.

Премиерот Рад, кој најверојатно ќе биде избран за пратеник од Бризбејн, веќе го призна поразот и поденесе оставка на лидерската функција во Лабуристичката партија.

Лабуритсите уште по самото затворање на гласачките места најавија дека очекуваат да дожиеват пораз. Министерот за одбрана Стивен Смит изјави дека на владејачката партија и „претстои тежок пораз“.

Гласањето во Австралија е задолжително и се одржува во сабота. На изборите учествуваа и околу 50 мали партии, меѓу кои најгорелмо внимание привлече партијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски