Кривична против охриѓанец, узурпирал плажа на охридското крајбрежје

Од:

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 65-годишниот С.Р. од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“, извести МВР.

– С.Р., како сопственик и управител на правното лице, во периодот од јуни до септември 2022 година, на плажа на охридското крајбрежје, на површина од околу 80 метри квадратни, неовластено поставил 50 лежалки и 25 чадори за сонце. Тоа го направиле без да поседуваат одобрение за тоа, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при општина Охрид и без да платат соодветен надомест за користење на државен имот, а со намера да остварат незаконски профит, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас