Општина Аеродром: СДСМ нема право да зборува за проекти, нивниот единствен проект предвидуваше сечење дрва во Аеродром

Од:

Денешната прес конференција е уште еден аматерски обид на СДСМ извртувајќи ги фактите да ја лажат и манипулираат јавноста, велат од Општина Аеродром.

„Ништо од денешната прес конференција нема никаков допир со вистина, пракса која СДСМ ја практикува на централно и локално ниво изминатите неколку години. Истата е потврда за деструктивниот однос кој оваа политичка партија секогаш го покажува кога во прашање се нови проекти и инвестиции. СДСМ е политичка партија која е симбол на неработење, корупција, сиромаштија и инфлација.

Единствен факт кој е точен е дека градоначалникот Тимчо Муцунски беше против првичниот проект на СДСМ и Петре Шилегов кој предвидуваше сечење и уништување на стотина здрави дрвја. Проектот кој сега се реализира драстично се разликува од првичниот, а најважно од се е дека зеленилото е зачувано и дека Аеродром добива нов булевар“, се вели во демантот на Општина Аеродром.

„СДСМ нема право да зборува за реализација на проекти, затоа што тоа е политичката партија во чие време беа стопирани сите проекти во Аеродром. Единствен проект на Шилегов и СДСМ за оваа општина беше обидот да се исече зеленило за да се направи булевар, обид кој успешно беше спречен од страна на група граѓани, општината и градоначалникот, кои водат сметка и за разлика од СДСМ се грижат за Аеродром.

Денеска, Аеродром е општина каде се инвестира во зелени проекти и каде се прават поголем број паркови, од вкупно сите општини каде на власт е СДСМ. Аеродром сега е општина на проекти, развој и инвестиции, факт кој СДСМ го знае, но за жал не сака или не може да го прифати“, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче