ВИДЕО: Тенисерката падна на земја и врисна од болки – ја изнесоа од теренот со количка

Од:

Канадската тенисерка Бјанка Андрееску заработи страшна повреда на скочниот зглоб на Мастерсот во Мајами. Андрееску беше посериозно повредена на почетокот од вториот сет против Екатерина Александрова, додека водеше со 2:0 и требаше да го израмни резултатот во сетови (првите Русинката ги доби 7:6), но веднаш штом колабираше, веднаш беше јасно дека нема шанси да го продолжи мечот и прашање е колку долго ја чека закрепнувањето.

Андреска врескаше од болка додека лежеше на бетонот и чекаше помош од докторот, а уште пострашно е што толпата замолче и само нејзиниот крик одекнуваше низ теренот. Лекарите брзо дојдоа и се обидоа да и помогнат, но сè што можеа да сторат за неа во тој момент беше да ја подигнат и да ја стават во количката.

Со нивна помош таа го напушти теренот, а поддршка и даде и Екатерина Александрова, на која и беше тешко да гледа како се мачи противничката. Моментот беше препознаен од публиката, која расплаканата тенисерка ја награди со аплауз од стадионот.

Засега нема прогнози за тоа колку долго ја чека паузата на Бјанка или дали повредата е помала отколку што изгледаше поради моменталната болка. Канаѓанката одигра добро во Мајами бидејќи ги елиминира Ема Радукана, Марија Сакари и Софија Кенин, односно сите тенисерки со „педигре“, но во четвртото коло мораше да го предаде мечот на Александрова.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата