ВИДЕО: Украина ги доби британските тенкови „Челинџер“

Од:

Британски тенкови „челинџер“ пристигнаа во Украина соопшти украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

Резников кажа дека во украинските единици веќе се распоредени британски „челинџер“, американските „страјкер“ и „пума“ и германските „мардери“.

За да може да управуваат со британските тенкови, украинските војници имаа обука во Обединетото Кралство. Нивната обука почна веднаш по објавувањето на испораката на овие тенкови од страна на Обединетото Кралство на почетокот на јануари.

Германија вчера соопшти дека и таа ја испратила првата пратка од тенковите „леопард 2“ за Украина. Станува збор за пратка од 18 борбени тенка за кои украинскиот воен персонал изминатиот период, исто така, беше обучуван. Министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, рече дека е сигурен оти тенковите може да дадат одлучувачки придонес на првите борбени линии.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски