Британско разузнавање: Нападната руската поморска база на Крим, нападот не успеа

Од:

Британското Министерство за одбрана соопшти дека на 22 март имало обид за напад врз база на руската морнарица, но нападот не успеал.

„На 22 март 2023 година, најмалку три беспилотни пловила (USV) и едно беспилотно летало наводно се обиделе да ја нападнат руската поморска база Севастопол, во окупираниот Крим“, пишуваат Британците.

„Извештаите од отворени извори сугерираат дека еден УСВ бил запрен пред пристаништето, додека два биле уништени во пристаништето. Руските официјални лица рекоа дека ниту еден руски брод не е оштетен“, се додава во соопштението.

„Во претходниот напад на УСВ врз Севастопол на 29 октомври 2022 година, наводно биле оштетени миноносецот Иван Голубец и фрегатата Адмирал Макаров“, додаваат Британците.

Иако новите напади веројатно не успеаја да оштетат ниту еден воен имот, заканата од УСВ најверојатно ќе продолжи да ги ограничува операциите на руската Црноморска флота, заклучија Британците.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски