СДСМ: Само Мицкоски не аплаудираше за членството во НАТО

Од:

„Пред три години Република Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО, полноправна членка на најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот. При овој свечен настан, кога признанија и честитки за завршувањето на 30-годишниот пат на државата до полноправно членство во НАТО пристигнуваа од сите страни, само Христијан Мицкоски молчеше“, соопшти СДСМ.

„Само Мицкоски не аплаудираше, во Собранието при ратификацијата на Северноатлантскиот договор.

Не смогна сили ниту да се израдува на историскиот успех, за остварување на една од клучните стратешки цели на државата.

Мицкоски не само што не може да се помири со успесите на државата, туку уште попосветено работи против европската агенда.

СДСМ ја оствари стратешката цел за членство во НАТО и продолжува со реализирање на втората стратешка цел, членство во ЕУ“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ