СДСМ: Три години членство на НАТО, обезбедена безбедност и стабилност

Од:

„На денешен, пред три години државата, предводена од СДСМ стана полноправна членка на НАТО Алијансата. Три години е обезбедена безбедноста и стабилноста на граѓаните и на државата, македонската армија е рамо до рамо со најсилните во светот“, соопшти СДСМ.

„Реализирана е една од двете национални стратешки цели, исполнет е стремежот за кој сонуваа генерации, во изминатите 30 години.

За жал, трагичните настани со воената агресија на Русија врз Украина, покажаа колку е важно членството во НАТО, особено во услови на безбедносна криза.

Граѓаните можат да бидат спокојни, членството во НАТО значи неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ