Пешак од Скопје повреден во сообраќајка, со тешки повреди е пренесен во болница

Од:

Педесет и деветгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера во 13 часот во Скопје.

Од полицијата велат дека било пријавено дека на улицата „Отокар Кершовани“ возило „голф“ со скопски таблички управувано од И.М.(76) од Скопје удрило во А.С.(59) од скопската приградска општина Сарај.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки повреди кои му биле констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

По несреќата, бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски