Вчера околу 17 часот дошло до експлозија во фабрика за чоколади во САД. Експлозијата се случила во фабриката Р.М. Палмер Ко. во округот Вест Ридинг во американската држава Пенсилванија.
NEW – Massive explosion reported in a factory that produces chocolate in Reading, Pennsylvania pic.twitter.com/wqyr9Kzh9r
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) March 24, 2023
Пет лица загинаа, а шест се сметаат за исчезнати. Во болницата моментално се осум лица. Две лица се примени во добра состојба, а пет се на лекување.
Началникот на полицијата Вејн Холбен изјави дека експлозијата уништила една зграда и ја оштетила соседната. Засега не е позната причината за експлозијата, но можно е да има истекување на гас. На веб-страницата на компанијата се вели дека компанијата работи од 1948 година и сега има 850 вработени во нејзиното седиште во Вест Ридинг.