Австралиската државна телевизија соопшти денеска по затворањето на избрачките места дека опозициските конзерватици, предводени од Тони Абот убедливо победиле на парламентарните избори, поразувајќи ги лабуристите на досегашниот премиер Кевин Рид.
– Коалицијата веќе има сигурни 74 места во Долниот дом на Парламентот. Врз основа на тоа ќе добие мнозинство. Мислам дека можеме да кажеме дека Владата е поразена, изјави аналитичарот на телевизијата Еј-Би-Си, Ентони Грин.
Освен тоа поразот на лабуристите го признаа и неколкумина истакнати личности од досегашната власт, вклучувајќи го и министерот за одбрана Стивен Смит.
Тој само неколку минути по затворањето на избирачките места изјави дека ситуацијата е лоша за сегашната Влада, на која и „претстои тежок пораз“ и оти резултатите „ќе бидат исти како тие од 1996 година“, кога на власт дојде лидерот на либералите Џон Хауард.
Излезните анкети исто така покажаа дека победник е Конзервативната коалиција. Неколку анкети покажаа дека Либерално националната коалиција на Або, ќе освои 53 отсто од гласовите, додека за Лабуристичката партија ќе гласаат околу 47 проценти од избирачите. Лабуристите владеат со земјата од 2007 година.
Гласањето во Австралија е задолжително и се одржува во сабота. На изборите учествуваа и околу 50 мали партии, со свои кандидати, а меѓу нив најпознат е основачот на Викиликс Џулијан Асанж.