Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина се уште не можат да започнат контраофанзива, која беше планирана за пролет.
Тој посочи дека на Киев му треба муниција и борбени авиони.
„Сè уште не можеме да почнеме“, рече Зеленски во интервју за јапонскиот весник „Џомури“.
Тој призна дека ситуацијата во источна Украина е „лоша“, главно поради недостигот на муниција.
– Чекаме муниција од нашите партнери – рече Зеленски.
Според него, руските сили дневно користат три пати повеќе муниција отколку вооружените сили на Украина.