Претседателот на Думата предложи забрана на Меѓународниот кривичен суд во Русија

Од:

Вјачеслав Володин, претседателот на долниот дом на рускиот парламент, предложи забрана на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да работи во Русија, откако судот издаде налог за апсење на претседателот Владимир Путин, обвинувајќи го за воени злосторства.

Володин, сојузник на Путин, рече дека руското законодавство треба да се измени за да се забрани каква било активност на МКС во Русија за да се казнат оние кои му дале „помош и поддршка“ на судот.

„Потребно е да се развијат измени на законите со кои би се забранило какво било дејствување на МКС на територијата на нашата земја“, рече Володин во објавата на комуникациската платформа Телеграм.

Володин рече дека Соединетите Држави усвоиле закони кои спречуваат нивните граѓани некогаш да бидат судени од Хашкиот трибунал и дека Русија треба да го стори истото.

– Секоја помош или поддршка на МКС во Русија треба да биде казнива со закон – рече тој.

На почетокот на овој месец, МКС издаде налог за апсење со кој го товари Путин за воено злосторство за незаконско депортирање на стотици деца од Украина. Судот рече дека постои основано сомневање дека Путин сноси индивидуална кривична одговорност.

Руските власти предупредија дека секој обид за апсење на Путин ќе се третира како објава на војна против најголемата нуклеарна сила во светот.

МКС, во својата прва потерница поврзана со Украина, повика на апсење на Путин под сомнение за нелегална депортација на деца и илегално преселување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација од 24 февруари 2022 година.

Кремљ рече дека наредбата на МКС била безобразно пристрасна одлука, но неважна што се однесува до Русија. Руските власти негираат дека Москва извршила воени злосторства во Украина и тврдат дека Западот ги игнорирал воените злосторства од украинската страна.

Големите сили како Русија, САД и Кина не се членки на МКС, кој вклучува 123 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија и некои поранешни советски републики, како што е Таџикистан.

Украина не е членка на МКС, но Киев и додели јурисдикција да ги гони злосторствата извршени на украинска територија.

Би можело да ве интересира

Володин: Странските агенти ќе можат да вадат пари од посебна сметка само во Русија

Володин: САД се одговорни за експлозиите на гасоводите „Северен тек“

Володин: Бајден ја започна војната за да го одвлече вниманието од неуспехот во Украина

Руската Дума усвои закон за проширување на овластувањата на рускиот претседател

Руските парламентарци го поддржаа воведувањето доживотен затвор за велепредавство

Володин предложи конфискација на имотот на луѓето кои ги дискредитираат руските вооружени сили

А1он