Кокаинска војна во Белгија: Им украле 1,2 тони дрога, па киднапирале нарко-бос

Од:

Белгиската полиција трага по членови на криминална група од Србија, која го киднапираше Мохамед Азаи (49) од Антверпен, познат како Лобања, под сомнение дека е вмешан во кражба на тон кокаин вреден околу 25 милиони евра.

Како што пишуваат белгиските медиуми, Лобања бил киднапиран на 22 февруари и оттогаш неколку пати бил виден жив на видеата објавени од киднаперите, а последен пат било објавено негово видео на 1 март, кога тој вели: „Сега е 1 март, уште сум жив. Ве молам, пратката мора да се врати!“.

Во претходните две видеа, кои стигнаа до медиумите, киднапираниот вели дека „Кралот и Смајли украле еден тон кокаин“.

Мохамед Азаи бил киднапиран на паркингот на бензинска пумпа на автопатот во близина на Антверпен, каде што бил „фатен“ од безбедносните камери. Наводно, тој дошол таму на средба со луѓе кои се занимаваат со шверц на кокаин. Медиумите пишуваат дека тој има јужноафриканско потекло и го означува како еден од „јужноафриканските нарко босови“.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ