Најмалку две лица загинаа, а девет се исчезнати во експлозија во фабрика за чоколади во американската сојузна држава Пенсилванија, соопштија денеска локалните власти.
BREAKING: Massive #explosion at the RMPalmer Factory in West Redding. Our weather cameras caught the explosion. Almost at the scene to learn more from police. RMPalmer is a big chocolate candy maker, and makes a lot of Easter candy. @FOX29philly pic.twitter.com/Jgpjbyt7fN
— Eddie Kadhim Journalist (@KadhimWrites) March 24, 2023
Спасувачките служби соопштија дека неколкумина се повредени во експлозијата во фабриката Р.М.
Засега не е позната причината за експлозијата.
Осум лица се пренесени во болницата Рединг во петокот вечерта, а пет се задржани на лекување, изјави портпаролката на болницата Џесика Безлер.
Explosion and 3 alarm fire in #WestReading #Berks County on 2nd Ave off Penn Ave. This has Penn Ave closed at RT-422. @511PAAllentown @KYWNewsradio pic.twitter.com/nfqMTSDisB
— Traffic on the Twos (@KYWRadioTraffic) March 24, 2023
Експлозијата, која се случила нешто пред 17 часот, уништила една зграда и ја оштетила соседната зграда со станови, пренесе АП.
Градоначалничката на околијата Вест Ридинг, Саманта Каг, рече дека експлозијата била толку силна што ја поместила блиската зграда за околу 10 сантиметри.
Некои жители се раселени од оштетената станбена зграда, изјави градскиот управител.
На веб-страницата на фабриката за чоколади пишува дека таа работи од 1948 година и сега има 850 вработени во нејзиното седиште во Вест Ридинг.