На социјалните мрежи се појави видео на кое шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, на мапа го прикажува наводниот украински план.
Како што вели Пригожин на видеото, целта на Украинците е „да нанесат три удари и да ја ослободат територијата до границите од 1991 година“.
Prigozhin claims that he knows about the Ukrainian plan to deal 3 blows and liberate the territory to the 1991 borders. He states that Ukraine concentrated 200,000 of reserves in the Donbas, with 80k of them being near Bakhmut. Plans include invading the Belgorod region to be… pic.twitter.com/tylrPk6yKl
— Dmitri (@wartranslated) March 23, 2023
Тој додава дека Украина распоредила 200.000 војници во Донбас, од кои 80.000 се во близина на Бахмут.
„Плановите вклучуваат инвазија на Белгород, и тие би го искористиле тоа во замена“, вели тој, додавајќи дека Украинците ќе ги пресечат бунтовничките провинции на два дела.