Научниците пред решавање на мистеријата: Дали беше комета или вонземски брод?

Од:

Кога кометата Оумуаму помина блиску до Земјата во 2017 година, научниците беа воодушевени од нејзините необични карактеристики.

Кометите обично се забрзуваат додека се приближуваат до Сонцето бидејќи, како што се загреваат, мразот во нивната внатрешност се претвора во пареа и се исфрла од кометата, дејствувајќи како погонско гориво.

Според новата теорија, станува збор за комета на водород која не може да се набљудува со телескопи.

Тоа испуштање гасови изгледа како долга опашка, но Оумуамуа немаше ништо од тоа, продолжувајќи да забрзува, пишува Дејли Меил.

Ова доведе многумина да заклучат дека тоа би можело да биде вонземски брод опремен со некој вид непознат погон.

Но, сега научниците од Универзитетот во Калифорнија, Беркли и Корнел понудија ново, поедноставно објаснување за оваа мистерија.

Опашката не беше видлива, можеби затоа што малата комета исфрлаше водород што телескопите не можеа да го забележат.

„За комета со дијаметар од неколку километри, ослободувањето на гас се случува од многу тенок слој во однос на големината на објектот, па со оглед на неговиот состав и забрзување, тоа ослободување не мора да биде видливо. Но, бидејќи Оумуамуа е толку мал, мислиме дека можеше да генерира доволно сила за такво забрзување“, рече водечкиот автор на студијата д-р Џени Бергнер.

Кометите, познати и како „валкани снежни топки“ според астрономите, се всушност големи топки од мраз, прашина и карпи кои обично потекнуваат од прстен од леден материјал наречен Ортовиот облак кој се наоѓа на надворешните рабови на нашиот Сончев систем.

Тие се движат кон внатрешните делови на Сончевиот систем кога различни гравитациски сили ги одвојуваат од Ортовиот облак и стануваат видливи кога ќе се приближат до топлината на Сонцето.

Како што се приближуваат до Сонцето, кометите се топат и ослободуваат водена пареа, прашина и други молекули кои се издувани од нивната површина поради сончевото зрачење и плазмата.

Би можело да ве интересира

Кометата Нишимура ќе го осветли небото овој месец, ќе се врати по 400 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Зелената комета еднаш во 50 илјади години видлива од Земјата

Катерина Ѓуровски