Големо мнозинство во германскиот парламент, одобри финансиска инекција за Шпанија. Одобрен е европски пакет помош тежок до 100 милијарди евра за нокаутираниотнншпански банкарски сектор.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле рече дека овој пакет е од клучна важност за зачувување на стабилноста во еврозоната.
Пратениците мораат да го прекинат одморот и на вонредна седница ја донесоа одлуката.
За усвојувањето на пакетот гласале 473 пратеници од Долниот дом на германскиот Парламент – Бундестагот, додека 97 биле против, а 13 воздржани.
Шпанија очекува, дека првата рата, во износ од 30 милијарди евра, ќе ја добие до крајот на јули.
Шпанија за да ги добие парите вети дека ќе направи големи реформи во банкарскиот сектор и дозволи надзор од инспектори од ЕУ.