Францускиот претседател, Емануел Макрон предизвика бес кај Французите откако во емисија во која зборуваше за пензиската реформа и за примателите на социјална помош се обидуваше да го сокрие часовникот од 80 илјади евра.
Macron while asking for sacrifices from the French people realizes he is wearing a € 80,000 watch and like a magician makes it disappear under the table. Unworthy. pic.twitter.com/zRiQWFAR1M
— RadioGenova (@RadioGenova) March 24, 2023
На видеото може да се види дека Макрон ненадејно ја спушта раката под маса среде полемиката, а се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види на камерата, а потоа ја продолжува расправијата, само овој пат без часовникот на раката.
C’est finalement l’image de cette interview #Macron13h :
Au moment de parler des “smicards” qui n’ont “jamais autant gagné de pouvoir d’achat”, il retire discrètement sa jolie montre de luxe, sous la table.
Cet homme est une farce. #Greve23mars pic.twitter.com/DvhreQ0S3n
— Clémence Guetté (@Clemence_Guette) March 23, 2023
Интервјуто се емитуваше додека се одвиваа протестите против реформата која предвидува пенизонирањето да биде наместо на 62 на 64 години.