Најмалку едно лице е повредено откако ретко торнадо вчера го погоди градот Монтебело, југоисточно од Лос Анџелес. Националната метеоролошка служба му даде оценка на торнадото EF-1 со проценети максимални ветрови од 110 mph (175 km/h), најсилното торнадо што ја погодило областа Лос Анџелес од 1983 година.
Портпаролот на градот Мајкл Чи потврди дека торнадото оштетило најмалку 17 згради, а 11 згради се толку многу оштетени што пожарникарите ги сметале за премногу опасни за употреба.
A FUXKING tornado in SoCal?! I got a few homies that live near Montebello and they doing fine but damn this ish is crazy 🤯 🌪️ pic.twitter.com/BTlBf0WpZQ
— ☠️RAIDER LOC☠️ (@DanSalas19) March 22, 2023
Метеоролошката служба соопшти дека торнадото урнало покриви, столбови за струја, искршило прозорци и корнело дрвја. Според Националната управа за океани и атмосфера, Калифорнија е погодена во просек од помалку од 10 торнада годишно, од кои повеќето се мали и краткотрајни, пишува CNN.
Wow!! A possible tornado touched down in #Montebello the power is out for a few blocks and there is a lot of damage #cawx Video from Daniel Wilsey pic.twitter.com/cytRunZnRW
— Alex Cheney (@abc7alex) March 22, 2023
Вчерашното торнадо е само едно во низата временски катастрофи што ја погодија Калифорнија во последните месеци. Така, државата се соочи со најмалку 12 бранови бури што донесоа разорни поплави и ветрови со урагански сили. Најмалку пет лица загинаа во невреме во областа на заливот Сан Франциско оваа недела, бидејќи жестоките ветрови ги зафатија градовите во вторникот, уривајќи дрвја и далноводи.