Градоначалникот на Тетово од редовите на Беса, Билал Касами денеска објави пост, каде тој и негови соработници се сликани пред Шарената џамија во градот, а во постот вели:
„Добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија!“.
Под постот има бројни коментари од жители на Македонија кои негодуваат поради ваквата реторика на Касами.
Во еден од постовите се вели: „Да, главен град на загаден воздух, нечисти улици, 20 метра недовршени асфалти, кучиња, град без паркови, мафија итн. На тоа си ти градоначалник и ништо друго“.