Полицијатa ја демантира веста за наводниот киднапер на деца: Лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано на разговор

Од:

Полицијата ги демантира лажните вести кои денеска се раширија на социјалните мрежи во врска со лице со наводен киднапер кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје.

Едно лице на Фејсбук и на Твитер прво објави вест дека околу средното училиште се шетало лице кое киднапирало деца, но откако веста се рашири по социјалните мрежи, ја повлече објавата и објави дека станува збор за лажна вест.

„МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје. Ниту има пријава за такво лице до полицијата ниту има пријава дека некое лице е киднапирано.

И лицето кое ја пласираше оваа лажна вест, ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест. Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период.

Лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги. Исто така, им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции“, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски