(ВИДЕО) Си на заминување од Москва: Доаѓа промена која не се случила во последните 100 години

Од:

Пред да замине од Москва, каде што два дена се состана со Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг му рече на рускиот колега дека „доаѓаат промени“.

„Доаѓа промена која не се случила во последните 100 години“, рече СИ. Во текстот, сепак, се додава дека Западот треба да се грижи за ваквата изјава на кинескиот лидер.

Во него се наведува дека загрижувачката порака за промени „како што светот не видел 100 години“ е испратена откако Путин рекол дека ќе одговори на плановите на Велика Британија да испрати муниција што содржи осиромашен ураниум во Украина.

„Ние сме еден чекор поблиску до употреба на оружје со нуклеарна компонента доколку тоа се случи“, рече рускиот претседател.

„Се чини дека Западот сака да војува со Русија додека не падне последниот Украинец“, рече рускиот претседател.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека светот е „на дофат“ на нуклеарна катастрофа.

„Направен е уште еден чекор. Остануваат сè помалку од нив“, рече Шојгу.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп