Жесток руски напад на неколку украински градови

Од:

Руските сили нападнаа неколку украински градови, при што загинаа најмалку три лица во напад со беспилотно летало врз станбена населба во регионот на Киев. Горните катови на две станбени згради утрово беа погодени во градот Ржишчив, на периферијата на главниот град. Меѓу жртвите има и 11-годишно момче, соопштија спасувачките служби.

Во одделен руски напад, три лица беа ранети во јужниот град Одеса, кога беше погодена трикатна зграда во манастирот, изјави шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак. Беспилотни летала беа испукани и кон северозападниот регион Житомир, но нема повредени. Сирените за воздушен напад одекнаа низ Украина неколку часа подоцна, поради извештаите дека полетале руски воени авиони со ракети со долг дострел.

Амбасадорката на САД во Украина Бриџит А. Бринк на Твитер реагираше на нападот: „По сите разговори во Москва вчера, повеќе руски ракети и повеќе напади со беспилотни летала врз цивили во текот на ноќта, совршено јасно покажуваат колку претседателот Путин е заинтересиран за праведен мир или за крај на војната што ја започна“.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски