Авганистан го погоди силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, јавува EMSC. Земјотресот е регистриран во областа Хиндукуш, на длабочина од 186 километри, а освен во Авганистан, почувствуван е и во неколку околни земји. Граѓаните на Пакистан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Индија известуваат дека го почувствувале земјотресот.
Strong tremors felt in Delhi-NCR#ITLivestream #Earthquake #Delhi | @gauravcsawant https://t.co/os6nGnTaGo
— IndiaToday (@IndiaToday) March 21, 2023
Корисниците на EMSC ширум регионот известуваат дека земјотресот бил силно почувствуван. На снимката се гледа како граѓаните на индиската престолнина Њу Делхи, која е на стотици километри од епицентарот, излегуваат на улиците по земјотресот. Засега нема информации за повредени.
Силни земјотреси се почувствувани во пакистанската престолнина Исламабад, јавува Си-Ен-Ен. Граѓаните велат дека забележале пукнатини на ѕидовите од нивните домови. Имало континуирано тресење. Очевидци во пакистанскиот Лахоре изјавија за Си-Ен-Ен дека и таму се почувствувало тресење на земјата.
Residents rush out of their homes near India's national capital, Delhi, as strong tremors felt in northern India
Read full story: https://t.co/H8QuJ4JI8s pic.twitter.com/C2zjATxaIu
— WION (@WIONews) March 21, 2023
Новинар на Си-Ен-Ен во Сринагар, најголемиот град во Кашмир под индиска управа, рече дека потресите во градот биле силни и видел како неговата куќа се тресе.