Централно Чиле го погоди земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил недалеку од петтиот по големина чилеански крајбрежен град Валпараисо, а земјотресот е регистриран на длабочина од 60 километри.
Земјотресот е почувствуван и во главниот град на оваа јужноамериканска држава Сантијаго, а многу граѓани на веб-страницата на ЕМСЦ велат дека се работи за прилично силен земјотрес.
„Земјотресот беше силен и траеше околу 15 секунди“, напиша корисник на EMSC на 46 километри од епицентарот. Засега нема информации за штети и повредени.