Владата на денешната седница донесе одлука за понатамошно замрзнување на цените на јајцата од кокошка и на оризот со што ќе останат на нивото на цените кои се применувале на 15 март со важност до 30 април 2023 година.
– Трговците имаат обврска да продаваат свежи јајца во количини кои редовно се прибавувале во јануари и февруари годинава. Во пресрет на престојните празници Велигден и Рамазан Бајрам, Со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца, производителите најмалку 70% од производството на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар. Овие мерки се базирани на факти и анализи и соодветно ќе реагираме како Влада да не дозволиме дисбаланс на пазарот – соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
Цената на јајцата ќе се движи од 8,5 до 9,8 денари во зависност од класата и пакувањето.