Киев чека Пекинг да го потврди телефонскиот разговор меѓу претседателите на Украина и Кина, Володимир Зеленски и Си Џинпинг.
Ова денеска го соопшти вицепремиерот на Украина, Ирина Верешчук.
На прашањето на италијанскиот весник „Кориере дела сера“ дали претседателите на Украина и Кина ќе разговараат по телефон, Верешчук одговори дека „не знае“ и дека Киев чека потврда од кинеската страна, пренесува Ројтерс.
Според вицепремиерот на Украина, тој разговор би бил „важен чекор“.
Претседателите на двете земји „имаат што да си кажат“, додаде Верешук.