(ВИДЕО) Костовски: Со СДСМ, за само неколку години од заробена држава станавме земја фактор на стабилност во регионот

Од:

„Со СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, Македонија станува фактор на стабилност во регионот и сојузник и пријател на демократскиот свет. Ако до пред само неколку години, во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ бевме карактеризирани како заробена држава, денес од целиот западен свет сме препознаени како стабилна, демократска држава, која ги решава отворените прашања“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Сите отворени прашања со соседите ги затворивме при тоа штитејќи ги националните интереси и државните позиции, со што дадовме позитивен пример за надминувањата на различностите во регионот.

Поради таквиот државнички пристап, денес сме земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ, и држава во која што се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан.

Признание и потврда дека Македонија е почитувана и вреднувана од страна на САД и Европската Унија е што постигнувањето на договорот за анексот за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија се случи токму во Охрид.

Сето ова е резултат на заложбите и посветеноста на парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ, да обезбедат европска иднина на своите граѓани во демократска, отворена држава која е пријател на регионот и Европа.

Затоа продолжуваме со реализација на потребните реформи важни за развој на македонското општество и европската иднина на државата“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ