Амбасадорот на САД во Обединетите нации Саманта Пауер изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад употребил само мал дел од огромниот арсенал на хемиско оружје, кој го поседува.
Пауер пред Центарот за американски напредок изјави дека и покрај американската оценка дека на 21 август Асад употребил голема количина хемиско оружје, „неговите огромни резерви едвај се допрени“.
Таа предупреди дека се исцрпени сите алтернативи и оти останува само воената интервенција во Сирија.