Авиони на НАТО повторно пресретнаа руски воени авиони над Балтикот

Од:

Борбени авиони на НАТО вторпат оваа недела пресретнаа руски воени авиони во близина на естонскиот воздушен простор, соопшти британското воено воздухопловство (РАФ).

Во вчерашната операција учествуваа британски и германски ловци, кои пресретнаа руски авиони недалеку од естонскиот воздушен простор како дел од операцијата за заедничко чување на воздушниот простор на источното крило на НАТО. Ова е втор ваков настан оваа недела.

Два борбени авиони Тајфун пресретнаа руски воен транспортер Ту-134, по што следеа два руски ловци Су-27 Фланкер и АН-2, воен транспортен авион, соопшти РАФ.

Ваквото пресретнување не е нетипично, но заедничката операција за чување на небото се случува првпат во соработка меѓу два сојузници на НАТО, Германија и Велика Британија.

РАФ ја опиша операцијата како „јасен сигнал дека Британија, Германија и другите членки на НАТО стојат покрај Естонија во овие напнати времиња“. „Ние брзо го идентификувавме рускиот авион и потоа ги следевме додека летаа блиску до воздушниот простор на НАТО“, рече Ричард Лиск, еден од командантите на РАФ.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски