СДСМ: Ковачевски обезбеди помали сметки, а поголеми плати и пензии

Од:

Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на здравствена, економска и енергетска криза докажа што значи вистинска грижа за сите граѓани. Преку одговорен и домаќински пристап обезбеди помали сметки, а поголеми пензии и плати велат од СДСМ.

– Просечната плата во државата, за пет години порасна за 44 проценти и се искачи на 34.364 денари. Минималната плата од нецели 9.000 денари во 2017 година, достигна износ од 20.175 денари. Сите 330.000 пензионери од овој месец добиваат пензии зголемени за 8,4 отсто, а веќе во септември ги очекува ново усогласување на пензиите. Истовремено Владата предводена од претседателот Ковачевски, со замрзнување на цените на лебот, тестенините, млекото и млечните производи, ги намали сметките на домаќинствата и обезбеди олеснување за семејните буџети. Со субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја домаќинствата плаќаат само 20 проценти од потрошената електрична енергија, се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение