12 години затвор за две жени кои водеа независен портал во Белорусија

Од:

Две жени кои водеа независен портал кој ги критикуваше белоруските власти денеска се осудени на по 12 години затвор, соопшти обвинителството.

Марина Золотова, главен уредник на порталот tut.by и Људмила Чекина, генералниот директор на тој портал, беа уапсени во мај 2021 година заедно со други вработени, од кои повеќето подоцна беа ослободени. Тие првично беа обвинети за затајување данок, а подоцна за поттикнување омраза и повикување на санкции против Белорусија.

Државната новинска агенција објави снимка од двајцата во кафез во судницата со лисици на судење затворено за јавноста. Tut.by активно ги следеше масовните протести против претседателот Александар Лукашенко во 2020 година и беше забранет од властите како екстремистичка организација. Многу вработени во тој портал ја напуштија државата и основаа нов медиум Зеркало (Огледало).

Според активистите за човекови права, Белорусија има околу 1.500 политички затвореници кои се уапсени поради критикување на владата или учество во протести во 2020 година по прогласувањето на победата на Лукашенко на, според нив, наместени избори.

Белорускиот активист за човекови права Алес Бјаљацки, еден од добитниците на Нобеловата награда за човекови права минатата година, беше осуден на десет години затвор за финансирање протести. САД и Европската унија ја осудија постапката како монтиран судски процес.

Шефот на белоруската опозиција во егзил, Светлана Тихановска, го осуди новиот обид за убиство на чесното новинарство. „Тоа е одмазда кон две големи жени и големи професионалци. Не се сомневам дека нивните вредности ќе победат и дека ќе се ослободат“, рече Тихановска.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад