Претреси во Велес, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Од:

Вчера вечер во 18.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Д.Ј. од Велес, извести МВР.

– При претрес во домот на неговиот брат 31-годишниот Т.Ј. од Велес, извршен по наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана, една дигитална вага, поголем износ на пари во различни апоени. Нешто пред тоа, во 16.50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(25) од Велес. При претрес во неговиот дом во Велес, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една дигитална вага и двe дробилки за марихуана, соопшти МВР.

Лицата се приведени во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он