Кошаркарите на Литванија без поголеми проблеми славеа во соседската пресметка против Летонија со 67:59 во рамките на групата Б на Европското првенство во Словенија.
Најзаслужен за победата беше младиот центар Јонас Валанчиунас со дабл дабл ефект од 11 поени и 10 скока, кај поразените Куксикс имаше 13 поени.
Во истата група претходно Босна ја победи Црна Гора, а вечерва се среќаваат Македонија и Србија