СДСМ: Се грижиме за граѓаните, растат платите и пензиите

Од:

„СДСМ со успешни, навремени и ефикасни економски политики го уапредува и заштитува стандарот на граѓаните. Со системските решенија за усогласување на минималната плата и пензиите со растот на просечната плата и трошоците за живот е обезбеден констинуиран раст на примањата на граѓаните без политичка волја, притисоци, уцени и преговори“, соопшти СДСМ.

„Минималната плата од март се покачува на 20.175 денари. Од 2017, кога минималната плата изнесуваше 8.900 денари, а во некои сектори и само 6.000 денари, нема година во која не е зголемена.

Сите 330.000 пензионери во државата овој месец добиваат историско покачување на пензиите од 8,4 проценти, со што просечната пензија се зголемува од 17.666 на 19.150 денари. За пензионерите следува ново усогласување на пензиите наесен. Животниот стандард на граѓаните и на работниците во последните неколку години е сериозно унапреден.

Кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт беа потребни 4 и пол минимални плати за просечна потрошувачка кошничка, сега се потребни 2,2 минимални плати за една потрошувачка кошничка. За шест години имаме двојно зголемување на стандардот на работниците кои што работат за минимална плата. Додека ВМРО-ДПМНЕ работниците ги сметаше за евтина работна сила, СДСМ го почитува нивното достоинство, ги зголемува платите, го унапредува животниот стандард“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение