Акциите на Credit Suisse пораснаа за повеќе од 30 отсто, откако банката соопшти дека ќе позајми 50 милијарди швајцарски франци (54 милијарди долари) од Швајцарската национална банка.
Credit Suisse објави дека ќе користи заем од централната банка преку кредитен фонд за да ја подигне својата ликвидност, објави CNN (CNBC). Швајцарската централна банка и регулаторните агенции за финансиските пазари изјавија дека Credit Suisse ги исполнува сите барања за капитал и ликвидност наметнати на системски важни банки.
Акциите на Credit Suisse паднаа за 25 отсто откако нејзиниот најголем инвеститор, Саудиската национална банка, објави дека нема да може да обезбеди повеќе пари поради регулаторните ограничувања.