Бела куќа: Извлекувањето на дрон од Црното Море е невозможна мисија

Од:

Џон Кирби, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, во денешното интервју за Си-Ен-Ен изјави дека извидувачкиот воен дрон „MQ-9 Ripper“ не е извлечен од дното на Црното Море по вчерашниот инцидент.

Кирби истакна дека дронот можеби никогаш нема да биде извлечен од морското дно.

„Не сум сигурен дека ќе успееме да го извлечеме. Морето е многу, многу длабоко на местото каде што паднало. Сè уште се обидуваме да процениме дали е можно да се направи каква било операција за обновување, но тоа би можело да биде невозможна мисија“, рече Кирби.

„Направивме сè што можевме за да ја минимизираме вредноста на разузнавачките информации што може да ги добие некој што го добил тој дрон“, додаде советник на американскиот претседател.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски