Во времето на ВМРО-ДПМНЕ работниците едвај добиваа 8.800 денари минимална плата. Неспоредлива е минимална плата од 8.800, со плата од 20.175 денари. ВМРО-ДПМНЕ упорно ја држеше минималната плата замрзната на ниво под секое достоинство, а потоа остро се противеше на растот на минималната плата велат од СДСМ.
– За разлика од Белата палата, СДСМ во изминатите шест години континуирано ја зголемува минималната плата и тоа од 8.800 на 12.000 денари, па на 15.200, на 18.000 и сега на 20.175 денари. Растот на минималната плата е системско решение договорено со синдикатите и работодавачите и минималната плата ќе продолжи да расте, согласно растот на трошоците за живот и растот на просечната плата, независно од чија било политичка волја. СДСМ се грижи за работниците, го цени и вреднува нивниот труд, ВМРО-ДПМНЕ останува партија које е против работниците, се вели во соопштението од СДСМ.