Општина Аеродром и понатаму продолжува да дава силна поддршка на лицата и семејства со ниски месечни примања и со социјален ризик. Во рамки на оваа поддршка е и успешната соработка со хуманитарната организација „Св. Спас“ во чии рамки во црквата Св. Никола во населбата Аеродром секојдневно се делат пакети со храна информираат од Општината.
– Градоначалникот Тимчо Муцунски денеска ја посети црквата каде оствари средба со Отецот Оливер Петровски и разговараа за досегашната соработка, при што заеднички се согласија дека неопходно е да продолжи соработката во насока на вклучување на други институции во оваа хумана иницијатива. Во досегашниот тек на работата, помошта се реализираше во соработка и со голема поддршка со детската градинка „Буба Мара“ во Аеродром, каде се подготвуваат донираните оброци. Народната кујна во црквата св. Никола е отворена од понеделник до сабота во периодот од 14:00 до 14:30 часот. Општината Аеродром и во следниот период ќе реализира активности кои вклучуваат финансиска поддршка и други бенефити за пензионерите, младите и семејствата со ниски месечни примања се наведува во соопштението од Општина Аеродром.