Автомобил влета во пешаци во Будимпешта: Има повредени

Од:

Најмалку две лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во Будимпешта кога возач на автомобил удрил во пешаци кои стоеле на тротоарот и чекале да ја преминат улицата.

Инцидентот се случил нешто по 8 часот недалеку од центарот на градот, а според првичните информации возачот покосил најмалку пет лица.

Екипите на итната помош брзо пристигнале на лице место, а засега се знае дека едно младо момче е пренесено во болница.

Медиумите пренесуваат дека возачот рекол дека му е лошо и затоа изгубил контрола на воланот.

„Излеговме од подземната железница и чекавме на пешачкиот пешачки премин да свети светлото зелено, а потоа луѓето паѓаа над мене. Успеав да видам црн автомобил кој се качи на тротоарот. Станав и отидов да им помогнам на луѓето околу мене“, изјави еден очевидец.

Би можело да ве интересира

Притвор за 20-годишниот Јованов, кој на пешачки ја прегази младата Фросина – ова не му е прво кривично дело

A1on

Возач тешко повреди двајца пешаци, па избега, полицијата го пронајде и го уапси

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Шестмина повредени, меѓу нив и бебе во сообраќајка на Средно Водно

Страшна сообраќајка во БиХ – четворица загинати, меѓу нив и две деца

А1он

Тројца тешко повредени во сообраќајка на скопската обиколница кај Смилковско Езеро

Горан Наумовски