Руски суд сака да одземе ќерка од татко, не смеат да комуницираат, a се поради еден детски цртеж

Од:

Рускиот регионален суд сака да ја одземе ќерката Маша (13) од нејзиниот татко Алексеј Москалев, откако девојчето нацртало антивоен цртеж за време на часовите по уметност во училиште. Рочиштето за случајот е закажано за 15 март.

Рускиот комитет за малолетници на градот Ефремов поднесе тужба против тоа семејство. Шефот на руската комисија Светлана Давидова изјави дека семејството е проблематично, бидејќи по тој инцидент таткото не ја вратил на училиште, а мајката живее сама и не покажува интерес за животот на својата ќерка. Но, приказната е поинаква според активистите за човекови права, пишува Медуза.

Маша е во дом за деца без родители, а вработените одбиваат да ја пуштат дома.

И сега отидоа чекор понатаму, на рочиштето ќе се разговара дека на Москаљев дополнително треба да му се ограничи родителското право. Доколку судот донесе таква одлука, неговата ќерка Маша може формално да биде задржана во дом за деца без родители.

„Не можеме да дознаеме ништо за Маша од 1 март. Раководството на прифатилиштето и директорката не сакаат да ни дадат никакви информации за неа. Ги игнорираат сите барања и ни велат да престанеме да пишуваме за Маша. Никогаш не ѝ го дадоа телефонот што го донесовме за да комуницира со нејзиниот татко“, се вели во објавата.

Активистите за човекови права ги замолија сите заинтересирани за овој случај да дојдат на рочиштето на 15 март, бидејќи Маша е таму против своја волја и без судски налог.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк