Украински партизани ја оштетија пругата која ја користат руските сили во Херсон

Од:

Украинската државна телевизија „Суспилне“ јави дека украинските партизани ја разнеле пругата што ја користеле руските сили во окупираниот дел од јужната област Херсон.

„На левиот брег на реката Днепар во регионот Херсон, членовите на движењето на отпорот разнесоа пруга што Русите ја користат за да ги префрлат своите сили“, објави украинската телевизија.

„Војската на Руската Федерација е во непријатна ситуација во врска со полуостровот Крим. Ги држиме под контрола нивните логистички транспортни патишта, дури и со поддршка на движењето на отпорот“, изјави портпаролот на јужната команда на украинската армија.

Да потсетиме дека Херсон е еден од делумно окупираните украински региони за кои Русија тврди дека ги анектирала на крајот на минатата година. Украинските сили претходно го ослободија истоимениот главен град на регионот откако руските сили се повлекоа на јужниот брег на реката Днепар. Регионот Херсон се граничи и со полуостровот Крим, кој беше припоен од руските сили во 2014 година.

Од друга страна, во Москва повторуваат дека целите во Украина во моментов можат да се постигнат само со воени средства и дека нема предуслови за мировни преговори, додека чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека чеченските војници ќе се борат до победата во Украина.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк