Тригодишно девојче случајно ја убило својата четиригодишна сестра

Од:

Тригодишно девојче случајно ја застрела својата четиригодишна сестра. Во моментот на трагедијата што се случи во неделата попладне во Хјустон, град во американската сојузна држава Тексас, девојчињата биле во друштво со пет возрасни лица, меѓу кои и мајката и очувот на починатото девојче.

Секој од петтемина возрасни верувал дека девојчињата ги набљудува некој друг, но никој не ги надгледувал додека биле во спалната соба, каде тригодишното девојче ја застрелало нејзината сестра со полуавтоматски пиштол, објави Гардијан.

Не се знае дали некој од присутните ќе биде обвинет за тоа што не го држел огненото оружје подалеку од дофат на децата.

„Ова изгледа како уште една трагична приказна каде што едно дете има пристап до пиштол и повреди некој друг. Нашите срца се скршени“, рече шерифот на округот Харис Ед Гонзалес, додавајќи дека „целата заедница е погодена кога детето ќе го загуби животот на овој начин“.

Тој, исто така, рече дека ова е дополнителен доказ дека сопствениците на оружје треба да сносат одговорност.

„Треба да го оставите оружјето на безбедно место. Мора да има повеќе од едноставно предупредување да не го допирате оружјето“, тврди тој.

Се уште не се објавени имињата на починатото девојче, нејзината сестра, ниту некој член на семејството.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија