Продолжува притворот за двете лица осомничени за грабнување на внукот на Љубе Бошкоски

Од:

Основното јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двете лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Тие на 3 март заедно учествувале во грабнување на внукот на сопругата на Љубе Бошкоски, во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги сокријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Двајцата беа уапсени на 8 март поради сомнение за нивна инволвираност во случајот во врска со киднапирањето на Самоил Костадиновски, внук на сопругата на Љубе Бошкоски.

Самоил Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат.

Би можело да ве интересира

Кривичен одлучи: Напаѓачот на Данела Арсовска оди во притвор

Притвор и куќен притвор за двајцата осомничени кои нападнаа новинари во Визбегово

А1он

Арамија оди во притвор за кражба во кујна во Скопје, украде и „голф 3“

А1он

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Таткото со шлаканици по четиригодишната ќерка – „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“

А1он

ОЈО бара притвор за директорот на Геријатрија и за неговиот соработник

Обвинителство бара притвор за седум полициски службеници од Штип и Кочани осомничени за тешки дела против општата сигурност

А1он