Во напад кој најверојатно е изведен со американските беспилотни летала, во области на Пакистан на границата со Авганистан, убиени се најмалку седум екстремисти.
Два проектили рано утрово погодиле една куќа во селото Даргах Манди, во Северен Вазиристан, при што се убиени седум лица, пренесе „Ројтерс“.
Официјални лица наведуваат дека жртвите биле екстремисти. Областа во која што е извршен нападот е позната како место во кое дејствува мрежата Хакани, која што често ги напаѓа американските сили во Авганистан.
Американските сили од 2004 година, често изведуваат вакви напади, во тешко пристапните погранични области во Пакистан.
Пакистанските власти протестираат поради страдањата на цивилите во нападите со беспилотните летала .
Елена Георгиевска