Малолетник нападнат од вработен во болницата во Кавадарци

Од:

Во 00.20 часот по полноќ во ЦИК Велес малолетник од Кавадарци пријавил дека во дворот на болницата во Кавадарци бил физички нападнат од страна на лице вработено во ЈЗУ „Општа Болница“- Кавадарци, извести МВР.

– На лице место упатени се полициски службеници од ОВР Кавадарци и во дворот на болницата затекнати се И.А. (32), вработен како болничар, И.А. (33) вработен како обезбедување во болницата и малолетникот кој го пријавил случајот, а утврдено е и дека за време на нарушувањето на јавниот ред и мир биле присутни и други малолетници, соопшти МВР.

ОВР Кавадарци презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он