Општина Аеродром: Приоритетите на нашето работење се Аеродром да биде чиста, убава и средена општина

Од:

Овие денови, се спроведува голема пролетна акција за оджување на хигиената во Аеродром. Акцијата започна во Ново Лисиче каде што се работи постепено кон чистење на целиот реон, во текот на следната недела продолжува во другите населени места во општина Аеродром, известуваат од Општината.

„Активностите вклучуваат чистење на улиците и пешачките патеки, одржување на парковите и уредување на зеленилото, како и собирање и одложување на кабастиот и други видови отпад. Воедно, службите на општината се подготвени и навремено ќе започнат со уредување на зелените површини пред доаѓањето на пролетта.

Хигиената е важна за чиста и здрава животна средина и истата неопходно е заеднички да ја чуваме и оддржуваме. Уште еднаш упатуваме апел до граѓаните, да внимаваат и да водат сметка за соодветно одложување на отпадот“, се наведува во соопштението на општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он