Бебето го фрлила во ѓубре, родителите и го зеле па го закопале на поле

Од:

Грчката полиција го истражува случајот со мртвото бебе, чие тело вчера е пронајдено закопано недалеку од Лариса.

Целиот случај e откриен кога жена (38) пристигнала во болница со силни болки и обилно крварела. При прегледот лекарите констатирале дека жената неодамна се породила, а во матката нашле делови од плацентата.

Жената која добила сепса упорно негирала дека е бремена и не сакала да одговори на лекарското прашање.

Веднаш била повикана полиција, која набрзо открила дека жената се породила во бањата од нејзиниот дом во Лариса, а потоа го фрлила бебето во ѓубре. Грчките медиуми јавуваат дека родителите на родилката потоа го извлекле новороденчето од контејнерот и го однеле на околу два километри од селото, каде што го закопале детето во нива сопственост на семејството.

Полицијата вчера излегла на местото на настанот со членовите на семејството на родилката и почнала да го ископува телото на бебето.

Извор од истрагата открива дека се работи за момче кое се здобило со удари во главата. Сепак, првите сознанија укажуваат дека детето е мртво родено.

Направена е обдукција и се чекаат дополнителни наоди за да се утврди како починало бебето.

Би можело да ве интересира

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина

Мицотакис: Грција се соочува со сериозни демографски проблеми

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Во Грција повеќе од 10.000 ученици се суспендирани поради користење на мобилни телефони за време на часовите

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов