Расплет на еден од најголемите банкарски скандали: Вистинскиот „Волк од Волстрит“ осуден на 10 години затвор

Од:

Поранешниот банкар на Голдман Сакс, Роџер Нг е осуден на 10 години затвор за учество во грабеж на милијарди долари од малезискиот државен фонд 1MDB, пишува CNN.

Поротата во федералниот суд во Бруклин минатиот април го прогласи Роџер, поранешен шеф на инвестициското банкарство на Голдман во Малезија, виновен за помагање на неговиот поранешен шеф, Тим Лајснер, да проневери пари од фондот, да ги перел приходите и да подмитува владини службеници за да добијат работа.

Обвиненијата произлегуваат од околу 6,5 милијарди долари во обврзници кои Голдман и помогна на 1MDB, која беше формирана за финансирање развојни проекти во Малезија, да ги продаде во текот на 2012 и 2013 година.

Американските обвинители соопштија дека официјални лица, банкари и нивните соработници проневериле 4,5 милијарди долари од таа сума, во еден од најголемите скандали во историјата на Волстрит.

Средствата биле искористени за купување недвижен имот, накит и уметнички дела, како и за финансирање на холивудскиот филм „Волкот од Волстрит“.

Скандалот 1MDB ја потресе и политиката во Малезија. Поранешниот премиер Наџиб Разак отслужува 12-годишна затворска казна, откако малезискиот суд го осуди за примање 10 милиони долари од поранешна единица на 1MDB.

Наџиб постојано негираше вмешаност во измамата.

Во поднесокот минатата недела, федералните обвинители во Бруклин го повикаа судијата Броди да го осуди Нг на 15 години затвор, нарекувајќи го „длабоко корумпиран банкар“ и тврдејќи дека строгата казна е неопходна за да се одвратат другите финансиски професионалци од поткупување службеници за да добијат работа.

Во своето барање за изрекување казна на 25 февруари, Нг побара да не биде затворен и да му биде дозволено да се врати во Малезија. Тој помина шест месеци во малезиски затвор пред да се откаже од своето право да ја оспори екстрадицијата во Соединетите држави во 2018 година.

Нг се изјасни за невин и тврдеше дека 35 милиони долари мито за кои беше обвинет дека ги добил всушност биле поврат на инвестицијата што ја направила неговата сопруга.

Неговиот шеф, Тим Лајснер, се изјасни за виновен и сведочеше против Нг како дел од договорот за соработка. Тој се уште не е осуден.

Џо Лоу, малезиски финансиер и осомничен организатор на шемата, беше обвинет заедно со Нг во 2018 година, но останува на слобода. Малезиските власти соопштија дека Лоу е во Кина, што Пекинг го негира.

Во октомври 2020 година, Голдман се согласи да плати 2,9 милијарди долари, а нејзината единица во Малезија се изјасни за виновна за корупција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски